Македонија
20. September 2017 - 14:39

Кузмановска: Тевдовски ја задолжи Македонија со нови 76,3 милиони евра

 

Министерот за задолжување Тевдовски ја задолжи Македонија со нови 76,3 милиони евра со последната аукција на државни хартии од вредност. Само по овој основ досега речиси четврт милијарда евра беше задолжена Македонија. Замислете четврт милијарда евра, а фајде од тоа нема никакво за граѓаните и за државата.

Ако на овие четврт милијарда се додадат 177 милиони евра стопени девизни резерви резултатот на расипништвото на СДС за само три ипол месеци е 420 милиони евра. Тоа се 3,7 милиони евра дневно потрошени пари.

Дали овие пари се наменети за покривање на неспособноста на владата за водење на економијата?

Дали овие пари се наменети за корумпирање на гласачи пред локалните избори?

Дали овие пари завршија само на задоволување на раскошот и луксузот на министрите во владата?

Граѓаните сето ова ќе го казнат и ќе застанат на патот на расипништвото. Граѓаните на избори ќе ја изречат казната за целокупната неспособност и неодговорност на владата на СДС. Колку порано толку подобро за Македонија и за народот.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ