Курти: Ни требаат обвинители кои не им се плашат на Тачи и Харадинај
Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти вели дека годинава, неделата на борба против корупција, Косово го затекна преполно со поткупи, како никогаш претходно, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти на својата страница на Фејсбук напиша дека „наместо судови кои ќе ги гонат мирновременските злосторници, се појавува специјалниот суд кој ќе се занимава со воени злосторства“.
– Наместо да имаме нормални судови кои ќе ги обвинуваат, судат и осудуваат мирновременските злосторници, ни се појавува специјалниот суд кој ќе се занимава со воените „злосторства“. Треба да се зголеми бројот на специјализирани обвинители за организиран криминал и висока корупција и нивна обука, да се преиспита легислативата и да се реструктурира обвинителството. Тоа подразбира за почеток еден или двајца обвинители кои не им се плашат на претседателот (Хашим Тачи) и премиерот (Рамуш Харадинај), како и на другите штетници, напиша Курти.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти