КУРИР: Екс советникот на Оливер Спасовски во украинско сценарио
Очигледно по заминувањето од МВР, Едмонд Адеми во целост се посветува на украинското сценарио од Киев кое што го најави неговиот лидер Зоран Заев.
Овој човек до пред некој ден земаше пари од државата, благодарение на поранешниот технички министер од СДСМ, Оливер Спасовски. Злоупотребувајќи го договорот од Пржино, без ниту еден ден искуство во безбедноста, Спасовски го ангажираше Едмонд Адеми на висока позиција во МВР, наградувајќи го со околу 1.000 евра плата, пишува Курир.
Адеми, кој е член на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, јавноста го запозна преку неговиот повик на Фејсбук да се лее крв на улиците.
Откако беше награден за ваквите ставови од неговите партиски шефови, продолжи во истата насока. Иако земаше пари од државата, Адеми продолжи да ги промовира партиските политики на СДСМ и да се залага за федерализација и премиер Албанец.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши