Македонија
18. April 2017 - 13:44

Крвава тепачка во позната скопска кафеана

Вчера во 21.30 часот во Скопско поле-Скопје, во угостителски објект три непознати лица со безбол палки физички ги нападнале сопственикот Н.З. и повеќе гости кои седеле во објектот.

Напаѓачите ги удирале во пределот на главите и телата, при што со повреди се здобиле лицата Ш.М. (33), Н.Б. (38), К.М. (23), сите од с.Трубарево, Р.В. (34) од Кавадарци и А.Ј. (29) од Скопје. 

Никој од  повредените досега не побарале лекарска помош. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.