Крвава тепачка меѓу бегалци на островот Лезбос
Во текот на изминатата ноќ дошло до судири меѓу ривалски етнички групи на бегалци и други мигранти во кампот на грчкиот остров Лезбос, соопштија грчките власти.
Тепачката во Мориа почнала по полноќ во делот на кампот каде што има малолетници и потоа се проширила, соопштија властите, додавајќи дека деца бегалци од Сирија биле нападнати од група деца од Авганистан.
Засега не е познат точниот број на повредени, а околу 40 бегалци и мигранти избегале во околните области. Ситуацијата била смирена околу четири часот изутрина по интервенција на полицијата. Властите се обидуваат да ги лоцираат исчезнатите деца.
На Лезбос моментно има речиси 5.000 мигранти и бегалци. Локалните власти постојано бараат властите да преземат итни мерки за да се растеретат пренатрупани објекти во кои се сместени мигрантите.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга