Македонија
20. јуни 2017 - 14:55

Крвава ноќ: 24-годишен скопјанец прободен со нож во срцето

Непознати лица со остар предмет, најверојатно нож, синоќа во 23.30 часот му нанеле убодна рана во пределот на срцето на М.Б. (24) од скопското село Грчец. 

Како што соопшти денеска МВР, лицето било нападнато пред угостителски објект во близина на споменикот на Скендер бег во Скопје.

Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и се наоѓа во животна опасност.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.