Кривично ќе одговара полицаец кој се заканувал на жител на Македонска Каменица
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против И.И. од Македонска Каменица, полициски службеник во Полициското одделение Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик, односно дека упатил закани кон лице од Македонска Каменица, соопшти МВР.
Имено, одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеници поднесе предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР, а изречена е и мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
-
При претрес во Радовиш, пронајдена дрога, пушка и муниција
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
СДСМ и натаму бара лидерска средба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
-
Скопје и утрово најзагаден град во Европа
-
Детали за планот на Трамп за Украина