Кривична пријава за жителка на Романовце за фалсификувана диплома
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Џ.Е. од село Романовце осомничена за кривично дело „фалсификување исправа“ и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Во 1999 година пријавената набавила фалсификувана диплома од Универзитетот „Климент Охридски“ во Софија, при што се стекнала со квалификација на VII степен, специјалност педагогија.
Како што соопшти МВР во дневниот билтен, дипломата во 2000 година таа ја приложила како вистинска на Филозофскиот факултет во Скопје за нострификација, за што добила и Решение за нострификација.
- Во 2003 година пријавената како вистински ги приложила фалсификуваната диплома и добиеното решение за нострификација во Општинско основно училиште „Кирил и Методиј“ во село Романовце, каде од 6 октомври 2003 до 2009 година и биле изготвувани договори за работа со заснован работен однос на определено работно време. Во октомври 2009 година добила договор и одлука за трансформација на работен однос од определено на неопределено работно време. Со наведените дејствија пријавената се стекнала со противправна имотна корист во износ од платите што и биле исплатени од државниот буџет за наведениот временски период, соошшти МВР.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден