Кривична пријава за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана
Дебарското Oдделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на дебарското село Отишани, во чиј автомобил полициски службеници пронашле марихуана.
-Кривична пријава е поднесена против Е.К.(23), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Додаде дека при контрола на патничко возило „Мерцедес“ со кое се превезувал Е.К., извршена на 24 август годинава, полициските службеници кај него, пронашле и одземале опојна дрога марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Возилото било запрено и контролата извршена кај месноста „Удово“ во близина на Дебар, поточно покрај Дебарско Езеро. Не се исклучува можноста дрогата да е прошверцувана од албанска страна, бидејќи селото Отишани е на македонско-албанската граница.
Ново на Сител
-
Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот
-
Алба изненаден од изоставањето на Меси од номинацијата за „Златната топка“
-
Европратеници лобираат за укинување на промената на сметање на времето
-
Лазаров пред реваншот со Клаипеда: Одиме на победа и на вториот меч
-
Жител на Мала Речица се снимал со бомби во рацете, ОЈО бара притвор
-
Мицкоски ќе присуствува на отворање на канцеларија за услуги на граѓаните во Аеродром
-
Состојба на патиштата
-
Фон дер Лајен денеска во Косово, средба со премиерот Курти