Македонија
20. November 2024 - 19:56

Кривична пријава за рудникот „Саса“ и одговорното лице заради загадување на животната средина

Кривична пријава за рудникот „Саса“ од Македонска Каменица и за 57 годишен британски државјанин со привремен престој во рударската населба, инаку одговорно лице во рудникот, поради основи на сомнение дека сториле кривчини дела „загадување на животната средина и природа“и „загадување на добиточна храна и вода“.

Во периодот од први до четврти август, оваа година, при процесот на флотација, од правното лице во река Каменичка, која се влева во акумулацијата Калиманци, испуштени се отпадни води, односно тешки метали (цинк, олово, кадмиум и жива) во двојно поголеми количини од дозволените, со што на подолг рок предизвикале опасност по животинскиот и растителниот свет во Каменичка река и акумулацијата Калиманци.

Од правното лице, во истиот период во реката и езерото е испуштен и акутен токсин цијанид, од чие присуство во Калиманци е предизвикано акутно труење на рибите. Со вештачење со наод и мислење на Институтот за сточарство и рибарство, а врз основа на извештаи од лабараториско испитување на примероци вода, од лабараторија е констатирано присуство на штетни и опасни материи во водата- тешки метали, а констатирано е и присуство на акутен токсин цијанид во смртоносна доза, а кој е причинител на труењето на рибите.