Македонија
20. November 2024 - 20:00

Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител

Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител. Од 40 претставки кои пристигнале на негова адреса од областа на животната средина, дури половина од нив се за загадениот воздух.

Смрта на секое девеветто новороденче во Македонија е поврзно со загадениот воздух. Првиот човек на животна средина смета дека гасификацијата на урбаните општини е долгорочно решение за оваа проблематика. Невладиниот сектор апелира и на промена на навиките на граѓаните за греење, но и на навиките за готвење.

„Истражувањата покажуваат дека урбаните средини заради тоа што домаќинствата користат се и сешто за греење не оти што сакаат, туку оти немаат избор. Исто така со Грин фонд на Владата и од министерството за екологија ќе гледаме да се зголеми бројот на оние кои се греат на топлинска енергија, ги има во урбаните градови да се вратат на нив оти тоа е почисто и од гасификацијата“

Во Словачка, во споредба со Македонија, граѓаните повеќе се охрабруваат да пријават дека дишат загаден воздух кај народниот правобранител. Словачкиот правобранител во просек добива годишно околу 100-тина претставки за овој проблем.

По одлуката на Уставниот суд донесена во октомври,  македонските граѓани може и да ја тужат државата за загадениот воздух, бидејќи правото на здрава животна средина е фундаметално граѓанско и човеково право.