Македонија
20. November 2024 - 20:02

Детска заработи парична казна од ДСЗИ - Не е решен проблемот со специјализанти кои дежураат сами

Детска и директорот заработија казна од 5200 евра бидејќи и по еден месец од укажувањето, не го решија проблемот со специјализантите. Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесе ваква одлука откако во вчерашниот контролен надзор утврдија дека продолжува алармантната состојба на клиниката  каде дежурни специјализанти прегледуваат и издаваат документација  без потпис и печат. Според ДСЗИ од 14 те специјализанти само двајца ги  имаат потребните времени лиценци и факсимили за работа а останатите работат незаконски.

-На Клиниката од вкупно вработени 45 лекари специјалисти, дежураат по само тројца доктори, притоа ниту еден од нив дежура во амбуланта на клиниката, а прегледите во дежурната амбуланта се вршат од страна на специјализанти кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти а некогаш и документација и без потпис и печат, вели д-р Кирил Лазов, директор на ДСЗИ.

Доколку клиниката не се согласи со казната и со понудењното порамнување, ДСЗИ ќе побара поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд.

Побаравме став и од директорот на Детска зошто не е решен проблемот со специјализантите, но одговор не добивме.

Минатата недела, пак, Реџеп Мемеди на прес конференција наместо одговори што презема за решавање на дежурствата како и забелешките од стручниот надзор по трите смртни случаи во еден месец, се пожали дека таква состојба затекнал од неговите претходници. Директорот вината ја впери во поединци кои биле негови противници и сакале да дојдат до директорската фотелја преку дезинформации и лажни фб профили.