Кривична пријава за петмина судии од Прилеп и четворица лекари од Битола и Скопје
На четворица судии од Основниот суд во Прилеп, на претседателот на Судот и на четворица лекари од Битола и Скопје, МВР им поднесе заедничка кривична пријава со која сите деветмина се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување и за помагање во кривичното дело.
Од Основното јавно обвинитество во Прилеп потврдуваат дека ја добиле кривичната пријава и демантираат дека имало апсења на судии.
- Ја добивме кривичната пријава и ќе постапуваме по неа. Нема никави апсења, вели јавниот обвинител од Прилеп, Ристо Шошески.
Четворицата судии и претседателот се осомничени за злоупотреба на службената положба, а четворицата лекари за помагање во извршувањето на кривичното дело. Од Обвинителството велат дека ова е поврзано со кривичен предмет во кој за едно лице е изречена затворска казна.
Ново на Сител
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија
-
Со кран се евакуираат станари од покривот на зградата во Чаир | ВИДЕО
-
Повреден пожарникар при гаснење на пожарот Чаир
-
СДСМ: Намалена просечната плата за 1.000 денари