Македонија
6. December 2023 - 18:10

Кривична пријава за 22 годишник - Ја искршил вратата од казино

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 22-годишниот К.Г. од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, извести МВР.

– На 07.11.20023 во казино во Делчево, пријавениот агресивно се однесувал кон двете вработени, по што го искршил стаклото од влезната врата, соопшти МВР.