-->
-->
Кривична пријава за 22-годишна скопјанка за тешка кражба
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(22) од Скопје поради основи на сомнение дека извршила кривично дело „тешка кражба“ предвидено и казниво по член 236 од КЗ на РМ со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.
Имено, на 15-ти август минатата година во куќа на улица „Франц Прешерн“ во Скопје пријавената насилно со употреба на подесен алат делувала на влезната врата, влегла внатре и одзела разновиден златен и сребрен накит и мобилен телефон. По преземени мерки и активности констатирано е дека С.Д. е сторител на кривично дело и на 13-ти овој месец е лишена од слобода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење