Кривичен суд: Одлуката за притвор на шестемина пратеници треба да ја донесе судија на претходна постапка
Од Кривичниот суд засега нема информација кога ќе биде донесена одлука за барањето за притвор за шестемина пратеници на кои денеска Собранието им го одзеде имунитетот.
- Одлука треба да донесе судија на претходна постапка, а кога ќе биде донесена за тоа ќе бидат известени исклучиво странките, велат од Судот за МИА.
Претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш по завршувањето на денешната пленарна седница ги потпиша одлуките за симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и тие се веќе проследени до Кривичниот суд.
Претходно, како што МИА објави, Собранието го одобри барањето на судот за одземање на имунитетот на Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.
Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши