Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп

– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не може „ниту да потврди ниту да демантира“ дали имало телефонски разговор помеѓу претседтелите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп.
Американскиот претседател во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со Путин за завршување на војната во Украина.
Трамп запрашан колку пати разговарал со Путин, истакна дека е „подобро да не кажува“. – Тој (Путин) сака да види дека луѓето ќе престанат да умираат, посочи Трамп.
Трамп за „Њујорк пост“ истакна дека „отсекогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната, но, не откри повеќе детали. – Се надевам дека ќе биде брзо.
Луѓето умираат секој ден. Оваа војна е толку лоша за Украина. Сакам да заврши оваа проклета работа, истакна Трамп.
Минатиот месец портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен телефонски да разговара со претседателот на САД. Трамп најави и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Ново на Сител
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
