Македонија
4. јуни 2026 - 12:17
Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
Постои желба кај највисоките европски претставници за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија, вели шефот на македонската дипломатија оценувајќи ја посетата на претседателот на Европскиот совет Кошта на Скопје.
Ја повтори владината позиција дека не постои алтернатива за полноправно членство и со јасна порака дека во овој момент нема услови за уставни измени, иако недостасува дијалог со Софија, Муцунски очекува европско решение за билатералниот спор. Најави дека следната недела заедно со претседателката Силјановска патуваат во Софија на регионален самит, каде не се исклучува можноста за нова средба со бугарските државници.
-->
-->
