-->
-->
Кратовско Кетеново за 20-тина дена ќе добие повеќенаменско игралиште
-->
Изградбата на повеќенаменските игралишта, кои се дел од проектот на Агенцијата за млади и спорт за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава се одвива со одлична динамика. Досега, од овој проект изградени се вкупно 56 игралишта, а во моментов во фаза на реализација се 22 нови.
Едно од нив е и повеќенаменското игралиште во селото Кетеново, општина Кратово кое е во интензивна фаза на градба. Во тоа се увери и директорот на АМС, Марјан Спасески, кој денеска е во посета на Кратовскиот Регион на средба со граѓани и спортисти.
-“Игралиштето се гради согласно утврдената динамика и во моментов се поставува жичаната ограда. Според информациите од Изведувачот за околу 20-тина дена, жителите на ова Кратовско село ќе добијат ново и модерно повеќенаменско игралиште, каде ќе можат да се практикуваат повеќе колективни и индивидуални спортови.” – изјави Спасески по увидот во градежните работи и информираше дека идејата за изградба на игралиштето дошла пред неполни 2 години на една средба со локалните жители.
Тој посочи дека само преку Агенцијата за млади и спорт во изминатите неколку години во општината Кратово се инвестирани преку 33 милиони денари за изградба на тениски терен, повеќенаменеско игралиште во селото Крилатица, фудбалскиот терен со вештачка трева “Мусала”, како и за ова повеќенамнеско игралиште во селото Кетеново, а дека во текот на следната година предвидена е изградба и на 1 игралиште за “street basket”.
Во изминатите неколку години преку АМС се изградени 222 спортски објекти за што се инвестирани околу 43 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем