Краткиот филм „Еклер“ премиерно во кино „Милениум“
Краткометражниот македонски филм „Еклер“, во режија на Марко Ѓоковиќ премиерно ќе биде прикажан утревечер во киното „Милениум“.
Филмот ја третира приказната за синот на готвачката од Маршаловата вила, кој по десет години добива шанса да ја вкуси храната што цел живот гледа како се готви, а не смее да ја допре. Во главните улоги настапуваат Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Ѕвездана Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски.
По премиерата, филмот останува на репертоарот и ќе биде прикажуван во блок со уште еден македонски филм „Лазар“, во терминот од 20 часот.
„Лазар“ е еден од поновите македонски филмови, кој скопската премиера ја имаше на тукушто завршениот „Скопски филмски фестивал“. Филмот е во режија на Светозар Ристовски, а главните улоги ги толкуваат Ведран Живолиќ, Наташа Петровиќ, Дејан Лилиќ, Горан Невојец, Владо Јовановски.
Ново на Сител
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот