Македонија
13. December 2024 - 12:17

Петрова: Даноците се собираат според планот

Владата не планира да го зголеми Данокот на додадена вредност. Целта на владините политики, како што денеска објасни директорката на УЈП е во рамките на оваа даночна средина да преку зголемување на даночната база и намалување на сивата економија да ги зголеми приходите во буџетот. Таа вели дека за оваа година, планираните приходи од даноци и други давачки ќе бидат собрани.