Ковачевски: Не служев војска поради абдоменален проблем со кој се уште се соочувам
Oдговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ дали приложил документ пред надлежните органи со кој потврдува дека е трајно неспособен или лажирал за да избегне служење воен рок, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека во 2000-та година, согласно сите законски процедури базирани на законот за одбрана од 1992 година, член 51 и во рамки на јавна повеќестепена процедура врз основа на мислење на стручни лица од медицината, а заради здравствен абдоминален проблем со кој се уште се соочува се регистрира неможност за служење на воена обврска.
– Не јас самиот, не моето семејство, туку непознати за мене лица во регрутните комисии констатирале таков факт. И тоа во 2000 година пред да се случи воениот конфликт и криза во 2001-та. Не сум ни првиот ни последниот случај базиран на објективна медицинска состојба. Јасно, гласно и целосно ја соопштував и ја соопштувам вистината, рече Ковачевски.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик