Ковачевски: Армијата ни јакне, така ја обезбедуваме сигурноста дома
Настанот, на кој присуствуваа и министерката за одбрана Славјанка Петровска, амбасадорките на Соединетите Американски Држави и на Обединетото Кралство Кејт Мари Брнз и Рејчел Галовеј, како и високи претставници на армиите учесници на вежбата, беше отворен и за граѓаните кои имаа можност непосредно да се запознаат со перформансите на презентираните летала и другата воена опрема.
„Задоволство е да се биде денеска тука, на Спортскиот аеродром Стенковец. Тукушто го проследивме приказот на воздухопловите во рамки на вежбата „Брз одговор 22“ или „Swift Response 22“. Најголемата воена вежба што досега се реализирала во Северна Македонија.
„Брз одговор 22“ се реализира во три региони: Арктикот, Балканскиот и Балтичкиот регион, и во неа учествуваат околу 4.600 армиски припадници од 8 различни сојузнички земји. Северна Македонија како домаќин на голема и сложена НАТО вежба, уште еднаш покажува дека нашите армиски капацитети се подготвени и оперативни да одговорат на операциите како и сите наши сојузнички армии.
Вежбата, во целост ги демонстрира капацитетите и способностите на тренинг центарот на Криволак. Подеднакво важно, оваа вежба ги покажува соработката и духот на единството во Алијансата, бидејќи во неа заедно соработуваат и се надградуваат македонските но и американските, британските, француските, италијанските, црногорските, грчките и албанските армиски припадници.
Ваквата колективна подготвеност и интероперабилност го прави НАТО најсилниот сојуз во модерната светска историја, со трансатлантски димензии. Денеска, будно следејќи ја состојбата во Украина, гледаме зошто оваа подготвеност е и повеќе од неопходна.
На оваа вежба и претходеше вежбата „Блесок 22“ каде пешадискиот баталјон беше оценет со високи позитивни оцени. Овие оцени укажуваат дека сме подготвени да дејствуваме заедно со нашите сојузници согласно единствени стандарди. Дека сме спремни за заедничко делување во справување со современите безбедносни закани.
Ја поздравувам посветеноста на нашата војска. После полноправното членство и најбрзата воена интеграција на земја-членка досега, Армијата продолжува со забрзан чекор во своето усовршување.
Ова е една од придобивките на сојузништвото во НАТО. Армијата ни јакне, така ја обезбедуваме сигурноста дома. На истиот начин на кој сите сојузници на НАТО се обединети во политиката, обединети се и во воената одбрана.
Единството на Алијансата е најсилната карактеристика на НАТО. Тоа што сите сојузници се здружени во своите ставови, во своите одлуки, го прави НАТО обединето и силно.
Оваа вежба е манифестација на способноста на Армијата на Северна Македонија, бидејќи е резултат на долг планирачки процес. Изработена е согласно едногодишниот план за вежби на Армијата и Воздухопловните сили на САД.
Изложбата и прелетот изгледаа импресивно, и за тоа им честитам на министерката и на амбасадорките за одличната организација.
Продолжуваме заедно во градењето на моќна одбрана. И на Северна Македонија, и на Алијансата“.
Сектор за односи со јавноста |
Генерален секретаријат |
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре