Костадинов: СДСМ е за интеграција во НАТО и ЕУ, а Мицкоски за поделби и квази сојузи со други држави
Во ВМРО-ДПМНЕ не знаат кај тераат, нивната понуда за обнова на режимот доведува до секојдневни скандалозни изјави од високи функционери на опозициската партија.
Еден од членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ порача да не се покачуваат платите, друг член пак повика на припојување со други држави.
Освен противење на покачувањето на минималната плата и платите во приватниот сектор, можевме да чуеме и антидржавни, антимакедонски ставови.
Христијан Мицкоски наместо да се оградува од политиките на Никола Груевски жестоко ги брани.
Неодговорните изјави на високите партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ го покажуваат вистинско режимско лице на оваа партија на штета на државата.
Обнова на режимот, одбрана на криминалот и обнова на поделбите и изолацијата се единствената понуда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а со таква понуда можат да се надеваат само на пораз на предвремените избори на 12 април.
Додека понудата на Мицкоски е поделби и квази сојузи со други држави, СДСМ е за интеграција во НАТО и ЕУ.
Додека понудата на Мицкоски е да не расте минималната плата, СДСМ ја покачува на историски највисоки 14,500 денари и работи на ново зголемување.
Тоа граѓаните ќе го ценат на 12 април.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава
-
Приватните превозници возат редуцирано – ги чекаат парите од Град Скопје