Македонија
11. September 2018 - 20:05

Косовскиот претседател Хашим Тачи утре во работна посета на Македонија

Претседателот на Косово Хашим Тачи утре ќе престојува во работна посета на Македонија и ќе има средба со премиерот Зоран Заев. 

Владината прес-служба вечерва соопшти дека средбата во Владата ќе биде утре претпладне. Заев и Тачи ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува и билатерална средба на делегациите на двете земји. 

По завршувањето на средбата ќе следуваат изјави за медиумите на косовскиот претседател и македонскиот премиер.