Македонија
10. August 2024 - 16:43
Пиво фест ги расвесели иселениците
Во Прилеп започна традиционалниот Фестовал на пивото или како што во последниве 2 години се организира под брендот Prilep beer weekend. Ладното пиво, вкусната скара и добрата забава повторно ги привлекоа посетители од цела Македонија. Публиката на првиот ден ја забавуваа Наум Петрески, Бојана Скендеровски, Ван Гог и ДЈ Марио. Голем дел од гостите беа наши иселеници од странство.
Општина Прилеп овој настан го поддржува со 1 милион денари, а организацијата е на Event group. Општина Прилеп очекува и економски бенефит од Фестивалот затоа што гостите од соседните градови веќе резервираат престој, како по приватните апартмани, така и во хотелите, а чаршијата и угостителите ќе работат со продолжено работно време.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->