Кошаркарот Марк Гасол спасуваше мигранти: Беспомошни луѓе се оставени сами на себе до смрт среде море
Шпанската кошаркарска ѕвезда и еден од најдобрите европејци во НБА лигата, Марк Гасол, летово се приклучи кон организацијата „НГО Проактива опен армс“, која се обидува да им го олесни тешкиот пат на мигрантите од африканските земји додека се обидуваат да дојдат до европско тло.
Гасол е дел од еден од тимовите на организацијата, кои патролираат со бродови низ Медитеранот и се обидуваат да им помогнат на мигрантите.
Кошаркарот вчера учествувал во спасувањето на жена од Камерун која во полусвесна состојба била пронајдена во морето.
- Лутина, бес и немоќ. Неверојатно е како толку многу беспомошни луѓе се оставени сами на себе до смрт среде море, напиша Гасол на социјалните мрежи.
Камерунката го преживеала потонувањето на бродот, но со неа биле уште една жена и мало дете.
Неколку часа порано спасувачките екипи пронашле тројца мигранти кои 48 часа поминале во вода на отворено море.
Ново на Сител
-
Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче
-
За време на празничниот викенд од ГП Табановце излегле над 29 илјади македонски државјани
-
Таравари: Не очекуваме негативно мислење за законот за правична и соодветна застапеност
-
Во багаж на патник во автобус со турски национални ознаки пронајдени 30 штеки цигари
-
Залутан куршум оштети кров на скопјанец
-
Косовската полиција заплени 120 000 евра шверцувана стока од Македонија
-
Прегазен пешак во Скопје, возачот избегал
-
ЈП „Комунална хигиена“: Отстранети диви депонии во скопските општини Аеродром, Центар, Карпош и Чаир