-->
-->
Американец е уапсен со огнено оружје во близина на митинг на Трамп во Калифорнија
-->
Маж од Невада кој кај себе имал огнено оружје и неколку фалсификувани пасоши во својот автомобил бил уапсен на контролен пункт во близина на митинг на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во саботата во јужна Калифорнија.
Човекот бил ослободен истиот ден со кауција од 5,000 долари.
Осомничениот, 49-годишен жител на Лас Вегас, возел нерегистриран црн џип што бил запрен од локалните службеници за спроведување на законот кои го обезбедувале собирот на Трамп во Коачела, источно од Лос Анџелес, изјави шерифот на округот Риверсајд.
Според него, се верува оти неговиот оддел спречил обид за атентат, иако тој призна дека тоа се шпекулации. Федерален функционер вчера изјави дека федерална истрага е во тек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Потопло со мала до умерена локална облачност
-
Уште еден посилен земјотрес регистриран вечерва кај Врање
-
Македонската репрезентација ја совлада Ерменија и обезбеди пласман во Б дивизијата во Лигата на нации
-
Мајката на едно од убиените деца во „Рибникар“: Момчето-убиец имаше безизразно лице, како возрасните не го забележаа тоа?
-
Малолетник нападнат на автобуска постојка на Бит Пазар
-
Кривична пријава против едно лице за предизвикување опасност за животот и здравјето на луѓето
-
Продолжуваат градежните работи на новиот парк во Карпош