Коридор 8 дел од мрежата на Европскиот коридор „Западен Балкан-Источен Медитеран”
Коридорот 8 влегува во Европскиот коридор за Западен Балкан-Источен Медитеран, како дел од мрежата на главните трансевропски коридори. Одлуката на Европската комисија, овој предлог да го стави на дневен ред пред Европскиот парламент и Советот на министри е резултат на иницијативите на земјите од Западен Блакан, вклучуваjќи ги Република Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Активностите кон отпочнување со градба на најголемиот проект во железничката инфраструктура-изградба на пругата кон Бугарија, заедничкиот пристап на земјите од регионот како и потпишувањето на декларацијата на Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Италија за модерно поврзување Исток – Запад беше препознаено од страна на Советот на министри за транспорт на Европската унија.
-Стратешките планови за изградба и модернизација на овој Коридор ги презентирав и во Европската Комисија во Брисел во рамки на 6-от Министерски совет на Транспортната заедница, чиj домаќин беше комесарката за транспорт на ЕУ, Адина-Јоана Валеан. Благодарност за Чешкото претседателство, силната поддршка од страна на комесарката за транспорт Валеан, министрите за транспорт од регионот и директрот на Секретаријатот на транспортната заедница, Матеј Закоњшек кои дадоа сериозни аргументи за оваа многу значајна одлука, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Со оваа одлука, како што е наведено во соопштението од Министерството за транспорт и врски, европскиот транспортен Коридор 8 како дел од Коридорот „Западен Балкан – Источен Медитеран“ ќе даде дополнителна додадена вредност и можност за посилен економски раст на регионот на Западен Балкан и Европската Унија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален