Копнените граници на Грција со Македонија остануваат затворени уште две седмици
Грчката Влада, за уште две седмици ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Северна Македонија и Албанија.
Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што исто така се продолжуваат за две седмици, а попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за Ковид-19 во Министерството за здравство.
Претходната заедничка министерска одлука за прекинот на копнените поврзувања на Грција со Северна Македонија и Албанија истекува на 31 август, а ќе се продолжи со нова што ќе биде во сила до 15 септември.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, најави дека ќе има продолжување на голем дел од мерките што се во сила, меѓу кои и оние што се однесуваат на копнените граници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај