-->
-->
Координативното тело на Македонската дијаспора најавува отворање канцеларија во Делчево
-->
Претставници на координативното тело на Македонската дијаспора на прес конференција најавија отворање канцеларија во Делчево. Според иселеникот Тони Симоновски, планот е оваа иницијатива да се прошири на повеќе локални заедници во Македонија.
-Имавме прв состанок во Делчево. Нашата цел е да имаме што поголем број средби. Канцеларијате ќе биде за афирмативни активности и конекција со дијаспората од нашата општина, рече Симоновски.
Драган Стоиловски, иселеник од Швајцарија по потекло од Делчево вели дека со отворање на канцеларијата ќе бидат претставени можностите за соработка на дијаспората со локалното население и зајакнувањето на граѓанскиот активизам и граѓанското општество преку споделување позитивни пракси.
Отворањето на првата канцеларија во Делчево како дел од работата на координативното тело на македонската дијаспора е најавено за напролет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања