Коњановски: Во Битола ќе формираме кризен центар за деца и жени – жртви на семејно насилство
Гарантираме формирање кризен центар за деца и жени – жртви на семејно насилство и воспоставување СОС телефон за жртви од насилство, изјави кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО – ДПМНЕ,Тони Коњановски.
Тој најави дека социјалната заштита во Битола ќе се организира според применети практики и искуства од европските градови, а социјалните услуги ќе ги моделираме според егзистенцијалните потреби на секој поединец.
-Гарантираме воспоставување социјално покровителство – патронажа која ќе им доставува услуги на возрасните наши сограѓани во нивните домови, заедно и во силно партнерство со граѓанските организации. Како нова локална самоуправа ќе формираме Центар за работа со деца со попреченост, а на Битола и е неопходна и програма „Асистенти за независен живот“. Гарантираме субвенционирање при вработувањето жени од ризични и социјално ранливи категори, обезбедување услови за нормален живот, а новата локална самоуправа ќе биде вистинска поддршка за оваа категорија наши сограѓанки. Тоа им го должиме и мора да им помогнеме, посочи Коњановски.
ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, додаде Коњановски, ќе го стават во функција Економско – социјалниот совет, кој ќе биде наш вистински партнер во менувањето на социјалната структура во општина Битола.
Ново на Сител
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје