Свет
19. September 2015 - 14:09

Конфликтот во Сирија: Нема знаци на паѓање на режимот на Асад

Би-Би-Си - Лондон

Предвидувањата за брз, па дури и среднорочен пад на Дамаск беа погрешни. Не изгледа дека престолнината на режимот наскоро ќе падне.

Областите кои ги држи владата и кои ги посетив, изгледаат мирни и функционални. Министерството за одбрана, зад дебелите слоеви безбедност, функционира смирено.

Режимот прераспореди некои од своите најсилни единици во Дамаск, затоа што им е најважно да го држат главниот град.

Трупите кои ги сретнав изгледаа дека имаат добар морал и со силна кохезија. Нивната опрема и оружје изгледаат добро одржувани, како и нивните позиции.

Една од најстратешките линии на фронтот во Дамаск е во срцето на преградието Џобар. Тоа е критично за бунтовниците, бидејќи ако сириската армија успее да навлезе таму, утврдувањето на источна Гута ќе биде во опасност.

На режимот му треба Џобар, затоа што е тоа заштитата на срцето на Дамаск; претседателската палата е на само неколку километри зад позициите на армијата.

Одливот и приливот на војната

Во изминатите денови, Џаиш ал-Ислам, една од најдобро организираните бунтовнички групи, направи значаен пробив по нападот врз источен Гута.

Ако Џаиш ал-Ислам успее да го задржи освоеното, стратешката позиција околу Дамаск ќе се смени. Но ако армијата тргне во противнапад, тоа ќе биде само уште една епизода во одливот и приливот на војната.

Сиријците во Дамаск се жалат дека градот се намалил заради четири и повеќе годишните борби во повеќе предградија, кои сега станале места каде воопшто и не може да се оди.

Економијата беше разнебитена од војната, а цените се многу повисоки. Но економијата се уште функционира. Фармерите носат храна на пазарите. Пазарот на зеленчук на големо, кој се наоѓа на само неколку минути возење од фронтовите позиици во Џобар, е отворен.

Воена асистенција

Претседателот Башар ал-Асад и неговите генерали, годинава имаа доста порази. Провинциската престолнина Идлиб падна во март. Џихадистите од Исламска држава го освоија античкиот град Палмира во мај.

Но претседателот Асад има витално трио на поддржувачи: Русија, Иран и Хезболах од Либан. Русија изгледа ја зголемува својата воена поддршка за режимот. Мажите од Хезболах се борат долж границата со Либан. Иран обезбедува витална финансиска и воена помош.

Богатите западни земји штуро го откриваат она што соседите на Сирија го знаат уште од кога демонстрациите се претворија во востание, а потоа и војна во 2011 година.

Војната извезува невољи, насилство и бегалци. Половна од населението во Сирија пред војната избега од борбите. Осум милиони се се уште во Сирија, раселени, бегалци во својата родна земја. Четири милиони ја напуштија Сирија.

Британија и другите се надеваат дека помошта преку напорите за помагање на бегалците ќе ги охрабри да останат во земјата.

Но надежите меѓу бегалците дека војната ќе заврши релативно брзо исчезнаа, онака како што продолжија убиствата. Стана јасно дека тие наскоро нема да се вратат дома.

Условите во камповите се привремени, пренатрупани шатори никогаш не биле лесни за преживување.

Стана уште полошо кога се дозна дека тие може да останат уште со години во камповите во Јордан и Турција, или уште полошо, во нелегални картонски градови и во сиромашните предградија во Либан.

Она што ја влоши ситуацијата е што богатите земји кои финансираат помош со која раководат агенции на ОН, направија големи кратења со нивните прилози.

Светската програма за храна ги скрати средствата во буџетот за да се прехрани едно лице во регионот, од 30 на 13 долари. Во Сирија таа цифра изнесува 12,50 долари.

Ова е отприлка цената на три Биг Мек сендвичи за да се прехрани едно лице месечно; се се сведе на сиромашна и разретчена исхрана.

Заради кратењата од донаторите, тие беа приморани да го сторат тоа. На стотици илјади луѓе им беше речено дека нема поеќе да добиваат помош во храна.

Комплицирано

Еден висок извор од ОН го нарече недостигот од средства „лудо и бизарно“. Тој рече и дека веќе шест месеци ги предупредуваат донаторите дека конфликтот и очајот ќе ги одвлече бегалците од Блискиот исток во Европа.

И тоа ќе трае се додека трае војната.

Војната не сопре, а продолжува и да се влошува и да станува се покомплицирана. Стафан де Мистура, претставник на ОН за Сирија, ја има најтешката дипломатска работа на светот. Најмоќните бунтовнички групи, кои го напаѓаат режимот на Асад, имаат идеологии кои одат од еден вид религиозен национализам до џихадистите од Исламска држава, кои освојуваат делови од Сирија и Ирак и создаваат еден нов вид политички ентитет.

Бунтовничките групи често се борат едни против други. Тие често прават и растураат коалиции и организации. Бунтовниците кои западот ги одобрува и фииансира не се големи играчи.

Она што навистина ги комплицира нештата е што големите регионални и глобални играчи исто интервенираат на двете страни во војната.

Тука се Русија, САД, Иран, Турција, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, либанскиот Хезболах, Јордан и Британија.

Затоа не треба да чуди што сите досегашни преговори пропаднаа. Секоја страна во конфликтот си има своја агенда.

Некои се спротивставени едни на други; Иран и Саудиска Арабија ефикасно водат тајна војна во Сирија.

Русија и САД исто така водат други војни на несогласувања, што прави невозможно да застанат со сета своја тежина зад сериозните напори да се заврши војната, или барем да сопре да се влошува.

Гледано од воените полиња, кои ги посетив во последниве две по повеќе недели, повиците од политичарите се многу далеку од Сирија за некој вид на договор помеѓу завојуваните страни, и изгледа дека има се помалку шанси за да успеат.

Сега најважна е динамиката на војната во Сирија. А не политиката или дипломатијата.