Конференција за резултатите од мерките и програмите за вработување
Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените организира национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“.
На конференцијата ќе се разговара за тоа дали иколку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување, како и за тоа кои мерки и активности ги или ќе ги преземат владините институции за надминување на пречките со кои се соочуваат граѓаните во пристапот до активните мерки, програми и услуги за вработување.
Националната конференција е дел од активностите на Здружението ЕСЕ во рамки на проектот „Социјална отчетност за родова еднаквост“ кој го спроведува во партнерство со Акција Здруженска и четири локални граѓански организации (Организација на жени на Струмица, Младински културен центар од Битола, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе, Женски форум од Тетово) со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на ИПА-програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал