Конечни резултати на косовските избори: Партијата на Курти освои речиси половина од гласовите
Центалната изборна комисија на Косово (ЦИК) ги објави конечните резултати од вонредните парламентарни избори одржани на 14 феврури, според кои апсолутен победник, со освоени 49,95 отсто од гласовите и 58 пратенички места, е партијата на Албин Курти, Движење самоопределување (ВВ), јави дописникот на МИА од Приштина.
Второрангирана, со освоени 16,9 отсто , е Демокртската партиј на Косово (ПДК), додека досега владејачките, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК) освоија по 12,64, односно 7,07 отстоод гласовите.
Соред овие резултати, кои ќе станат конечни по истекувањето на законскиот рок за жалби, ПДК обезбеди 19, ЛДК 15, а ААК осум пратенички места. Десет места во 120-членото Собрание на Косово, според Уставот, се резервирани за претставниците на српската заедница, а исто толку и за оние на помалите етнички заедници.
Ново на Сител
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Тик-ток предизвик или несреќа: 11 годишен ученик паднал од третиот кат во прилепско училиште
-
Наставниците добија упатство за ризиците од Тикток
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето
-
Мицкоски од ВИП ложа ја следеше инаугурацијата на Трамп, бројни средби и денеска во Вашингтон
-
Изборот на Трамп ќе донесе економски придобивки за Западниот Балкан