Бизнис
15. October 2019 - 14:15

Компаниите мора да го дигитализираат својот процес, традиционалниот начин ќе ги локализира

Дигитализацијата на бизнисот е неопходна и компаниите тоа мора да го направат за да можат да конкурентни и да одговорат на барањата на потрошувачите.

Ваква порака упатија учесниците на Конференцијата на тема „Дигиализирај го твојот бизнис: Обликувај ја иднината!“, што се одржува денеска во Скопје чиј домаќин е А1 Македонија.

-Промената е неопходна. Постојат повеќе платформа, односно повеќе модели. За да бидете конкурентни мора да го промените начинот на функционирање. Доколку останете традиционални ќе останете најверојатно локализирани. Денес нашите корисници имаат сосема поинакви очекувања и ако останеме традиционални ние создаваме јаз помеѓу она што произведуваме и очекувањата на потрошувачите, рече извршниот директор на А1 Македонија Мислав Галер.

На конфернцијата ќе бидат претставени примери на различни индустрии кои имале традиционален начин на функционирање и кои почнале да се трансформираат и на тој начин производот го довеле на сосема ново ниво и создале нови можности.

Галер појасни дека станува збор за индустриски вертикали, кои се применливи и во производство, за поголема ефикасност на произвдоствените погони, но и за транспортот и логистика.

Оцени дека е најважен е првиот чекор во трансформацијата и и дека на конференцијата тоа ќе се слушне.

-Најголемиот ризик е како да почнеме. Сите гледаме дека е неопходно, а каде настанува тој јаз, настанува во моментот кога ќе се вратиме во својата компанија каде остануваме затрупани во традиционалниот бизнис и да го опслужиме она што го очекуваа од нас досега корисниците, а никој не размислува за тоа што очекуваат во иднина, порача Галер, кој потенцира дека со ребрендирањето на онеВип е завршено нивното патување кон целосна дигитализација.

На процесот на дигитализација се осврна и Елизабета Кастаљони, генерален директор на А1 Диџитал. Истакна дека ги советуваат компаниите во врска со дигиталната трансформација и ги водат низ дигитализацијата на нивните деловни области.

-Се фокусираме на апликации специфични за индустријата во интернет на нештата, како и на производи базирани на клауд, наменети за современи работни места и безбедносни решенија за клауд и интернет на нештата. Денеска сме овде за да им претставиме на македонските компании дека дигитализацијата на нивните бизниси не е нешто што е далечно, туку напротив: тоа е неминовен процес што порано или подоцна мора да се случи и се надевам дека компаниите ќе успеат да го видат потенцијалот и дигитализацијата како бизнис-резултати, рече Кастаљони.