-->
-->
Колку нерезидентни сметки отвориле Македонците во соседните држави по зголемувањето на даноците
-->
Државата да провери дали и колку нерезидентни сметки отвориле Македонците во соседните држави по зголемувањето на даноците, порачуваат од Стопанската комора на Македонија. Велат дека позитивните ефекти врз државниот буџет ќе се помали од целокупниот ефект што го предизвикува воведувањето на прогресивното даночење.
На пример, се поттикнува даночната евазија, а се намалува конкурентноста на Македонија кај инвеститорите поради зголемените даноци. Од друга страна, буџетските приходи по основ на данокот од доход за 7 месеци се зголемиле за 16%, но од бизнис секторот велат дека нејасно е колку од зголемувањето е последица на прогресивното даночење во услови кога истовремено се рефистрираше раст на платите, но и зголемување на бројот на вработени во земјава.
Во рамки на Комората спроведена била и анкета за влијанието на прогресивното даночење врз работењето на фирмите. При тоа, 51% од компаниите се изјасниле дека промената во даночната политика не предизвикала негативни последици врз нивното работење.
Но, од Комората потенцираат дека најголем дел од овие фирми се всушност компании каде платите се пониски дури и од просечната плата на државно ниво. А дел , на пример, склучуваат договори за вработување според бруто плата, па така зголемениот трошок паѓа на товар на работникот.
Останатите 49% од фирмите рекле дека поради зголемените трошоци биле принудени да ги одложат планираните инвестиции, да го намалат бројот на вработени или во ИТ секторот, на пример, да ги зголемат цените на услугите.
Комората анкетирала околу 200 компании.
Мирјана Јовеска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром