Климкин против постепеното укинување на санкциите за Русија
Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин се изјасни денеска против предлогот на шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, кој е актуелен преседавач со ОБСЕ, за постепено укинување на санкциите кон Русија за секој поситгнат напредок во решавањето на конфликтот во Украина.
Климкин истакна дека укинувањето на сакциите треба да следи само по целосна примена на Минскиот договор.
- Потребни се санкции со што ќе се принуди Русија целосно да го спроведе Договорот од Минск, порача Климкин, наведувајќи дека кога тој договор во целост ќе биде исполнет, ќе може да се зборува за укинувањето на санкциите.
Тој нагласи дека се потребни дополнителни средства за вршење притисок врз Русија, ако актуелните санкции не делуваат.
Климкин смета дека решението за конфликтот е едноставно: „треба да престанат да пукаат“, додавајќи Русија мора да се натера да го примени Минскиот договор, кој предвидува примирје.
ОБСЕ, според Климкин, треба да воспостави мониторинг на границите меѓу украинските сепаратиситички региони и Русија, со цел да се спречи шверц на оружје и влез на борци од руска територија.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите