Свет
4. January 2017 - 11:22

Климкин против постепеното укинување на санкциите за Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин се изјасни денеска против предлогот на шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц, кој е актуелен преседавач со ОБСЕ, за постепено укинување на санкциите кон Русија  за секој поситгнат напредок во решавањето на конфликтот во Украина. 

Климкин истакна дека укинувањето на сакциите треба да следи само по целосна примена на Минскиот договор. 

- Потребни се санкции со што ќе се принуди Русија целосно да го спроведе Договорот од Минск, порача Климкин, наведувајќи дека кога тој договор во целост ќе биде исполнет, ќе може да се зборува за укинувањето на санкциите. 

Тој нагласи дека се потребни дополнителни средства за вршење притисок врз Русија, ако актуелните санкции не делуваат. 

Климкин смета дека решението за конфликтот е едноставно: „треба да престанат да пукаат“, додавајќи Русија мора да се натера да го примени Минскиот договор, кој предвидува примирје. 

ОБСЕ, според Климкин, треба да воспостави мониторинг на границите меѓу украинските сепаратиситички региони и Русија, со цел да се спречи шверц на оружје и влез на борци од руска територија.