Кликни за да се помолиш со папата
Папата Франциско ги повика католиците да се молат со него на интернет, претставувајќи ја аликацијата на страницата „Клик ту Преј“ (Кликни за да се помолиш). Станува збор за официјалната интернет-страница на Ватикан, Светска молитвена мрежа (Worldwide Prayer Network), соопшти Ватикан.
Се работи за посебна друштвена мрежа, каде секој верник ќе може да направи свој профил. Кога ќе се избере опцијата „Да се помолиме со папата”, било на мобилната апликација или на интернет страницата, верниците ќе може да видат за што треба тој месец да се помолат со највисокиот католички поглавар.
Има и опција „Да се помолиме со мрежата”, а тоа е „просторот каде што корисниците можат да ги споделат молитвите со други лица”. Целта е да се создаде платформа со којашто луѓето „ќе му се придружат на папата во мисијата на сострадание кон светот”, се вели во описот.
Освен на „Клик ту Преј”, Франциско има профили и на Твитер и на Инстаграм.
Од друга страна пак, папата не еднаш предупредил дека друштвените мрежи можат да доведат до намалување на реалното општење и комуникација меѓу луѓето.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски