Ќе се продолжи ли важноста на пасошите до Нова година – измените на законот во среда пред партениците
Измените на законот за пасошите во среда на пленарна седница пред пратениците. И власта и опозицијата треба да одлучат дали ќе ја продолжат важноста на пасошите до крајот на годината како што беше случај со возачките дозволи.
Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ очекува СДСМ и ДУИ да ги разберат потребите на граѓаните, но и бизнисите кои трпат поради состојбата и да не го кршат правото на слободно движење ...Велат измените се само во датумите, а ќе го решат хасот со патните исправи.
За СДСМ предлогот на опозицијата бил популистички блеф. Нема да гласаат за ваквите измени оти биле обврски од меѓународен договор и спротивни на македонскиот Устав.
Доколку ваквите измени го поминат собранискиот филтер и добијат зелено светло од пратениците, Грција ќе биде единствена од ЕУ која нема да дозволи влез со стар пасош иако европските земји не се противат. Според МНР, досега само Босна и Херцеговина испратила допис со кој известува дека не ги признава ниту пасошите ниту личните карти со Република Македонија.
Брисел преку допис до МВР извести дека ќе има разбирање за македонците кои се затекнале со старите пасоши во земјите од Унијата и истите ќе можат да се движат на нивна територија. Проблемот настанува штом дојдат дома во Македонија, односно не можат да ја напуштат без пасоши со новото име.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар