Ќе се исплаќа отштета на лицата неоправдано осудени за „Сопот“
– Владата на вчерашната седница даде согласност и го задолжи Државното правобранителство на Република Македонија да склучи судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за случајот „Сопот“ и исплата на штета на лица поради неоправдана осуда.
– По тужба на тужителите, сите од село Сопот, Куманово, за исплата на надомест на штета на лица поради неоправдана осуда за секој ден поминат во притвор, домашен притвор или затвор по 5.500 денари и да ги надомести трошоците во постапка на тужителите во висина утврдена од страна на судот. Владата исто така, го овласти Државниот правобранител за подрачје Скопје, Зоран Петковски да потпише спогодба за судско порамнување пред Основниот суд Скопје 2 Скопје за овој судски предмет, се појаснува во денешното соопштение од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка