Ќе се гради дрвениот мост во Струга
Со донација од приватна фирма ќе се прави дрвениот мост на реката Црн Дрим во центарот на Струга, информира денеска на прес-конференција градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села.
Мостот, појасни ќе биде како постоечкиот, кој беше срушен од безбедносни причини пред пет години. Надворешните страни, истакна Села, ќе бидат метални и ќе бидат исти со страните на Мостот на Поезијата и на Чаршискиот, по нивната реконструкција. Подготвителните активности на терен, најави дека ќе почнат наредната недела, а дрвените делови веќе шест месеци се изработувале во Австрија.
Струшкиот градоначалник истакна дека почната е постапка и за уредување на шеталиштето, односно западниот брег на реката Црн Дрим и на двата кеја.
- Ќе имаме добро уредено централно подрачје. Лани го уредивме шеталиштето покрај кејот од едната страна на Дрим, а сега ќе се прави на другата страна. Презмемаме мерки да го уредиме и пропаднатиот дел од коритото на реката Црн Дрим, иако тоа не е наша надлежнпст. Имаме одговорност пред граѓаните и многу ни е важно да не настрада некој, рече Села.
Донаторот Менди Ќура истакна дека мостот ќе биде поставен до крајот на ноември, за што ќе бидат инвестирани околу 150.000 евра.
- Ќе интервенираме со железо на бочните страни од мостот да се синхронизира со другите два моста лево и десно. Ќе ја вратиме убавината што беше одземена пред пет години, изјави Ќура.
Ново на Сител
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи
-
Семејното насилство станува скоро секојдневие, а службите бараат поголеми мерки за негово спречување