-->
-->
Ќе има ли АБА лига?!
-->

Се е поизвесно дека регионалната кошаркарска лига, АБА, нема да се игра, а како сега стојат работите, нема да се играат ниту полуфиналните серии и финалето од тековната сезона, пренесува белградскиот весник Блиц, на својата интернет страница.
Според весникот, на состанокот на претседателството кој се одржал во четвртокот, во Белград, Црвена ѕвезда побарала од сите тимови писмено да се изјаснат дали се за Евролигата или за ФИБА.
Исто така плеј офот во АБА лигата е незивесен бидејќи е сигурно дека регионалната лига нема да има два преставника во Евролигата и три во Еврокупот.
Конкретен договор, во четвртокот не бил постигнат, а Блиц повикувајќи се на неименувани извори тврди дека Кошаркарските сојузи на Хрватска и Словенија веќе донеле одлука од следната сезона нивните тимови да не настапуваат во АБА лигата.
Тоа значи дека во секоја од шестте дежави ќе се играат само националните првенства.
Наредниот состанок на тимовите е закажан за 1.март, кога ќе се одржи и Собранието на АБА лигата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
