Кина испрати дипломатски протест до Претставничкиот дом на Конгресот на САД
Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека земјата испрати сериозни дипломатски протести до Претставничкиот дом на Конгресот на САД поради усвојувањето на законот за забрана за увоз на стоки произведени во кинеската провинција Синџијанг со наводна употреба на присилна работа.
Портпаролот на кинеското Министерство Ванг Венбин на прес-конференција рече дека наводите за присилна работа во Синџијанг се лажни гласини кои доаѓаат од некои кругови во САД и други западни земји.
– Кина ќе ги преземе сите потребни мерки за поддршка на правата на кинеските компании и за заштита на нејзиниот суверенитет и развојни интереси, додаде Ванг.
Провинцијата Синџијанг е претежно населена со Ујгури, кои се со исламска вероисповед, а една фондација со седиште во Вашингтон неодамна изнесе тврдење, слично како и во Синџијанг, дека стотици илјади Тибетанци, наводно, се присилно притворени во работни логори, наведува Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Ќе се прегласува во Желино - ДИК прифати приговор на коалицијата ВРЕДИ
-
Тема на денот со Игор Александров, македонска заедница во Австралија
-
ДИК одлучува по 27 приговори на парламентарните избори поднесени од „ВРЕДИ“, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Странците уживаат во гастрономските приказни
-
ДИК одлучува по 28 приговори на парламентарните избори поднесени од ,,ВРЕДИ‘‘, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите