„Киа“ повлекува 380.000 возила во САД поради опасност од пожар
Јужнокорејскиот производител на возила, „Киа моторс корпорејшн“ им препорача на сопствениците на околу 380.000 нејзини спортски „Спортејџ“ теренци и модели на „Каденза“ во САД да ги паркираат своите возила на отворено, поради опасност од пожар во делот од автомобилот каде што се наоѓа моторот.
Компанијата соопшти дека отповикувањето се однесува на споменатите модели на автомобили кои биле произведени меѓу 2017 и 2021 година, поради можен краток спој во разводната кутија што може да предизвика пожар. Оттаму, се налага сопствениците да ги паркираат возилата надвор од своите објекти, поради превентивни причини сѐ додека овластените продавачи не ги извршат поправките.
Компанијата издаде слично предупредување и за корејскиот пазар.
Засега нема пријавено пожар во некое од возилата, ниту несреќа или повреда предизвикана од таков проблем, се вели во соопштението на „Киа“.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ