КФОР: Приштина бараше овластување за потенцијално испраќање безбедносни сили во северниот дел, но не дозволивме
КФОР потврди дека Приштина побарала овластување за да им дозволи на косовските безбедносни сили да одат во северниот дел, односно за „потенцијално“ распоредување во „погодената област“ по експлозијата во која беше оштетен каналот Ибар-Лепенац, но тоа барање било одбиено.
Од КФОР, по барање на порталот Коссев за потврда во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека Приштина побарала распоредување на КБС на север во Косово, односно дали добиле барање од Приштина за испраќање на КБС на север, одговори потврдно, јавија српски медиуми.
„Во согласност со обврската од 2013 година потпишана меѓу институциите на Косово и НАТО, институциите во Косово побараа овластување од командантот на КФОР за потенцијално распоредување на единиците на КБС во погодената област на северот на Косово. Командантот на КФОР не даде таквото овластување, врз основа на неговата безбедносна проценка и дејствијата што КФОР веќе ги презеде“, се наведува во одговорот, наведува порталот.
Ново на Сител
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата
-
Со писмо до Таравари и Мицкоски 30 доктори од Клиниката за деца “Козле” бараат смена на директорката – таа демантира
-
Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата
-
Арачиново повторно под полициска опсада - Пронајдено автоматско оружје, пушки, муниција
-
Реформи во системот за кризи
-
Акција на МВР во Арачиново