Македонија
20. February 2024 - 10:42

Казнети 205 возачи за брзо возење

Вкупно 205 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава во акцијата на Министерството за внатрешни работи за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Како што информира денеска МВР, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Вкупно 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.

- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.