Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами смета дека нема потреба за вонредни парламентарни избори. Ваков е неговиот одговор на новинарско прашања денескa откако за вонредните парлaмeнтарни избори во своите изјави побараа политичари од опозицијата.
- Ние работиме интензивно во делот на реализација на нашите проекти. Оваа Влада е на почеток на својот мандат, има консолидирано мнозинство, не гледам потреба од вонредни парламентарни избори. Не гледаме некоја консолидирана опозиција која би нè предизвикала за такви избори. Повеќе тоа го гледаме како нели моментален крик на опозицијата која се обидува да преживее во овие тешки моменти за нив. Оваа влада има консолидирано мнозинство и работи сериозно во реализација на предизборната програма, истакна Биљал Касами откако денес како градоначалник направи увид во чистење на дива депонија на периферијата на градот.
Касами го повтори ставот дека за локалните избори, тие како коалиција „Вреди“ работат интензивно да ги координираат активностите заеднички настап.
- Тој глас да биде гласот на народот и така значи да продолжиме и во тие општини кои сега ги води ДУИ односно од опозицијата да бидат предводени од коалиција „Вреди“ и заедно значи централната власт и локалните власти да работиме во интерес на сите граѓани, посочи Биљал Касами.
Лидерот на Движење Беса смета дека изборот на новиот претседател во Соединетите Американски Држави (САД) нема многу да има многу промени на светската политичка сцена.
- Ние му честитаме на новиот претседател Трамп и сигурни сме дека институциите во Соединетите Држави се стабилни со една долга историја на демократија. Тие значи нема да зависат од тоа кој ќе дојде како претседател на САД. Сигурно ќе има некои мали промени и во надворешната и во внатрешната политика, но, САД и понатаму ќе остане главниот партнер на Северна Македонија на Балканот и на Европа и се надеваме дека тоа ќе биде како дополнителен стимул за нашата држава за да се продолжи евроинтеграцискиот процес, истакна Касами.
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија