Кардиоваскуларните болести и ракот најчести причини за смрт во Европа и кај нас
Болестите на циркулаторниот систем и ракот заедно се причина за повеќе од половина од смртните случаи во ЕУ и се движи од 52 проценти во Франција до 82 отсто во Бугарија. По овие две болести, трета најчеста причина за смрт во најголем број земји од ЕУ се болестите на респираторниот систем, покажуваат податоците на Евростат.
Највисока смртност од циркулаторни болести има Бугарија – 66 отсто, а најниска во Данска – 23 проценти. Кај нас болестите на циркулаторниот систем се причина за смрт кај 51,8 проценти од случаите.
Според податоците на Државниот завод за статистика во 2019 година најзастапени причини за смрт во нашата земја се болестите на циркулаторниот систем – 51.8 процент, неоплазмите со 18.6 проценти, симптомите, знаците и ненормалните клинички наоди, некласифицирани на друго место со 10.7 проценти, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 4.6 проценти итн.
Болестите на циркулаторниот систем биле главна причина за смртност во сите земји од ЕУ, освен во Данска, Ирска, Франција и Холандија, каде бил ракот, покажуваат податоците на Евростат за 2017 година.
За правилна споредба меѓу земјите, Евростат врши анализа на бројот на смртни случаи на 100 000 жители.
Највисока стапка на смртност во ЕУ во 2017 година има Бугарија со 1 631 смртен случај на 100 000 жители. По неа следи Романија со 1 488, па Летонија 1 485, Унгарија 1 470 и Литванија 1 418 смртни случаи на 100 000 жители.
Најмала стапка на смртност во ЕУ има Франција со 838 смртни случаи на 100 000 жители, според податоците од 2016 година, по што следи Шпанија со 844, Италија – 875 и Луксембург – 911 и Шведска – 916.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален